Новинарот Руди Глаети открива дека Атлетико Мадрид ќе го продолжи договорот со Антоан Гризман. Имено, раководството на „јорганциите“ планира во блиска иднина да склучи нов договор со 33-годишниот Французин.
Разговорите на оваа тема веќе се започнати и наскоро се очекува конкретен резултат. Актуелниот договор на играчот со клубот е со важност до 30 јуни 2026 година. Тој во моментов има плата од 12,5 милиони евра годишно (бруто). Антоан Гризман оваа сезона одигра 42 натпревари за Атлетико, постигнувајќи 21 гол и 8 асистенции.