Срам на Бернабеу: Шпанскиот селектор разочаран од свирежите кон капитенот Мората

Синоќа на стадиомот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, репрезентацијата на Шпанија одигра нерешено (3:3) на пријателскиот натпревар против Бразил.

Селекторот на „црвената фурија“, Луис де ла Фуенте по мечот не можеше да го скрие разочарувањето од однесувањето на навивачите кон капитенот на шпанската репрезентација, Алваро Мората.

– Ме боли душата што во мојата земја го исвиркуваат капитенот на репрезентацијата. Кога ги слушам свирежите од трибините се разочарувам. На крајот на краиштата, секогаш имало, има и секогаш ќе има некои луѓе кои ќе коментираат.

Бернабеу беше исклучително добро подготвен, но како Шпанец се срамам кога исвиркуваат наш репрезентативец. Сепак, огромното мнозинство ја поддржа Шпанија. Работа на секој од нас е да ги научиме луѓето да навиваат за репрезентацијата. Тука мора да ги оставиме на страна клупските бои. И ова е задача на медиумите, изјави Де Ла Фуенте, откако Мората, инаку фудбалер на Атлетико Мадрид, константно беше исвиркуван од трибините.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО