Шпанија ја елиминира Германија од ЕП и се пласира во полуфиналето. Дани Олмо јунак на мечот

Шпанија ја елиминира Германија од Европскотои првенство (ЕП), совладувајќи ја во четвртфиналото во Штутгарт со 2:1, по продолженијата, со голот на Микел Мерино во 120 минута!

За победоносниот гол асистираше Дани Олмо, играчот што ја доведе Шпанија во водство во 51 минута (асистираше Ламине Јамал). Флоријан Вирц израмни на 1:1 во 89. минута, а последниот меч во кариерата го одигра Тони Крос, кој најави крај на меѓународната кариера.

Тоа беше интересен, возбудлив, на моменти и остар меч, за што сведочи податокот дека судијата Ентони Тејлор од Англија покажа 15 жолти и еден црвен картон.

За прв пат во историјата домаќинот на ЕП е елиминиран во четвртфиналето! Шпанците продолжуваат со налетот кон четвртата шампионска титула и го чекаат подобриот од натпреварот Франција – Португалија.

Од овој натпревар и податокот дека само Италија (10 пати) одиграла повеќе натпревари во продолженија на ЕП од Шпанија (9).


    .

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО