Фудбалерот на Болоња и репрезентативец на Италија, Рикардо Калафjори е на чекор дo трансфер во редовите на англискиот Арсенал.
„Топчиите“ му понудиле на дефанзивецот договор до јуни во 2029 година и многу повисоки примања од тие што ги добива во Италија.
Останува уште челниците на клубот од Лондон да се договорат со Болоња за трансферната сума која треба да изнесува околу 50 милиони евра.