Крос го повреди Педри. Не доби ниту жолт картон!

Шпанскиот репрезентативец Педри тешко се повреди на четвртфиналниот натпревар против Германија и за него Европското првенство (ЕП) е завршено.

Противничкиот играч за врска Тони Крос го удри по нозете на почетокот од натпреварот, по што 21-годишниот фудбалер не можеше да го продолжи мечот. Тој беше заменет во осмата минута од Дани Олмо, кој подоцна постигна гол за 1:0. Натпреварот по продолженијата заврши 2:1, а Олмо асистираше за вториот гол на Шпанија.

Крос, за кого тоа беше последен меч во кариерата, не доби ниту жолт картон за остриот фаулот. Шпанската фудбалска федерација уште за време на натпреварот соопшти дека Педри сериозно го повредил левото колено и дека по тестирањето ќе се види колку време ќе отсуствува. Младата ѕвезда на Барселона минатата сезона пропушти 25 натпревари поради повреди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО