„Шоу“ на пијани Шкоти во „Хитлеровата пивница“ во Минхен

На првиот ден од Европското првенство (ЕП), пред мечот меѓу домаќинот Германија и Шкотска, од 21 часот на арената „Алијанц“ во Минхен, центарот на третиот по големина германски град повеќе наликува на Глазгов или на Единбург, бидејќи е „окупиран“ од десетици илјади шкотски навивачи кои пијат хектолитри пиво.

Шкотите владеат и со познатиот или озлогласен Хофбраухаус во Минхен, каде што Адолф Хитлер држел огнени говори на патот кон власта и кој се смета за место каде што е родено нацистичкото движење. Сега е туристичка мека за оние кои уживаат во баварските специјалитети.

Таму завладееле Шкотите, кои тропале со тешките литарски круигли пиво и пееле „Без Шкотска, нема забава“. Некои од нив толку се опијаниле што обезбедувањето било приморано да ги исфрли надвор. Друг Шкотланѓанецот се соблекол гол до појас во пивницата, па и тој бил исфрлен.

Сепак таму се’ минало беа поголеми инциденти, но за малку ќе се случела трагедија на скалите што водат кон метрото. Според очевидци, еден пијан Шкотланѓанец паднал на глава. Поради големото количество крв од раната, многумина помислиле дека падот бил фатален. За среќа, екипа на Брзата помош била во близина и навреме интервенирала.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО