Шок за Рубљов во Мајами: Русинот елиминиран од 60. тенисер во светот

Рускиот тенисер Андреј Рубљов доживеа тежок пораз во второто коло на АТП турнирот во Мајами. Русиот беше поразен од Томас Махач со резултат 2:0 (6:4, 6:4).

Двајцата тенисери имаа голема борба во текот на целиот меч, а во првиот сет Чехот успеа да му „украде“ на противникот еден брејк во петтиот гем што беше доволен да го освои сетот.

Вториот сет имаше скоро идентичен исход, Махач успеа да го добие со ист резултатот со тоа што брејкот го направи во третиот гем и го задржа до крајот.

Тенисерот кој е 60. на АТП листата во наредното коло ќе игра против победникот од мечот помеѓу Енди Мареј и Томас Мартин Ечвери.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО