Серафимов : Молдавија не казни за промашувањата

Нашите најдобри фудбалери вчера одиграа нерешено со Молдавија (1:1) на пријателски меч во Анталија. На истата локација во Турција в понеделник не очекува и контролниот меч со Црна Гора.

Репрезентативецот, Никола Серафимов, вели дека Молдивија се покажала како добар противник и дека очекува победа на мечот со Црногорците.„ Мислам дека голот го постигнавме на време и одлично игравме во вториот дел. Креиравме неколку шанси за гол но, ни се случи непишаното фудбалско правило и пристигна казната за промашувањата“ – вели Серафимов. „Црна Гора е поквалитетен противник, нè очекува тежок натпревар, имаме уште два дена за подготовки и одиме на победа“ – потенцираше нашиот фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО