Шариќ е нов соиграч на Јокиќ во Денвер

Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ е нов играч на Денвер Нагетс. Хрватот потпиша двегодишен договор со поранешниот НБА првак.

Според ESPN, договорот е вреден 10,6 милиони долари, а на генералниот директор на Нагетс, Калвин Бут, му се допаѓа сестраноста, искуството и кошаркарската интелигенција на Шариќ.

Минатата сезона тој забележа просек од 8 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции во дресот на Голден Стејт Вориорс, а во текот на НБА кариерата ги носеше и дресот на Оклахома, Феникс, Минесота и Филаделфија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО