Бенфика не попушта, ја одби и втората понуда на Манчестер Јунајтед

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш е најголема трансфер желба на Манчестер Јунајтед ова лето.

„Црвените ѓаволи“ сметаат дека фудбалерот на Бенфика е идеална замена за Каземиро, кој на лето би требало да го напушти „Олд Трафорд“.

Невеш има 19 години и важи за еден од најголемите таленти во Европа, но Бенфика за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Манчестер Јунајтед веќе испрати две понуди кои Бенфика ги одби и порача дека нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО