Домантас Сабонис и следната сезона ќе го носи дресот на Сакраменто Кингс.
QqЛитванскиот центар во последниот период се најде во центарот на трансфер-шпекулациите, но раководството на Кингс јасно стави до знаење дека не планира да го испраќа еден од своите најважни играчи во друга франшиза.
Иако веќе не е во најдобрите години од кариерата, 29-годишниот кошаркар останува еден од лидерите на Кингс и клубот верува дека со него може да гради конкурентен тим.