Ракометниот клуб Бутел од Скопје ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на новиот стратег Стојанче Стоилов.
Стоилов го имаше првиот тренинг со новите ракометари, а екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед.
Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август).
Ова лето Бутел се засилисо голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ. Нови договори беа потпишани со Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ, Тодески…