Шахот може да го добие најмладиот шампион!

Турнирот на кандидати за титулата светски шампион во канадскиот град Торонто заврши со победа на 18-годишниот Индиец, Домараџу Гукеш, кој со тоа стана предизвикувач на светскиот шампион, Лирен Динг.

Во последното, 14. коло, по сигурна, позициона игра, Гукеш ремизираше со Хикару Накамура и ја задржа предноста од половина бод пред најопасните ривали.

Гукеш изненади со победата во конкуренција на многу попознати имиња, нанижувајќи пет победи и осум ремија, со само еден пораз, а за големината на неговиот успех најмногу зборува податокот дека очекуваниот резултат е надминат за дури два поена.

Многу блиску до делба на првото место и до мини-дуел за предизвикувач беше вториот светски играч, Фабиано Каруана кој целосно го надигра Јан Непомнијашчи, но на крајот од мечот, во завршницата со два пиона повеќе, го превиде квалитетот на жртвата со вечен шах.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО