НХЛ плеј-оф: Тампа Беј не губи од Флорида пантерс!

Винипег џетс, Ванкувер канакс, Њујорк ренџерс и Флорида пантерс ги забележаа првите победи на почетокот од плеј-фот во канадско-американската хокеарска, НХЛ лига.

Во Западната конференција, Винипег на гости го совлада Колорадо авелаванч со 7:6. Вториот меч се игра утревечер во Винипег. Екипата на Ванкувер канакс на домашен терен ги победи Нешвил предаторс со 4:2.

Во плеј-офот на Истокот, Њујорк ренџерс го победи Вашингтон капиталс со 4:1. Флорида пантерс беа подобри од Тампа Беј лајтенинг, 3:2. Тампа Беј никогаш не загубил плеј-оф серија против Пантерите, победувајќи ги во 2021 година и во 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО