Екипата на Јувентус е расположена да го ангажира фудбалерот, Мејсон Гринвуд, наведува денеска – „La Gazzetta dello Sport“. Луѓето од Италија процениле дека Гринвуд може одлично да се вклопи во шемата на Алегри без разлика дали ќе биде 3-5-2 или крајно напаѓачка, 4-3-3.
Гринвуд кој е на платниот списко на Манчестер Јунајтед откако се соочи со епријатности во приватниот живот сега игра како позајмен во шпанскиот Хетафе. Тој во сезонава во Примера Дивизион постигна 11 гола на 26 натпревари.