Сензација во режија на Словенци – големата Данска „падна“ по 24 години

Ракометната репрезентација на Словенија направи голема сензација совладувајќи ја Данска со три разлика, а конечниот резултат гласеше 28:25.

Овој натпревар се одигра во рамките на последното коло од втората фаза на Европското првенство кое се игра во Германија, а тоа значи дека Словенија останува во борба за пласман.

На Данците уште пред овој меч им беше загарантиран пласман во полуфиналето на ЕП и реално се најголемите фаворити за освојување на ова натпреварување.

По ремито на Португалија против Холандија, и по големата победа против Данска, Словенците „избија“ на третото место и ја обезбедија борбата за петтото место.

Ова беше прва победа на Словенија против Данска во последните 24 години и најдобро покажува каква доминација имаа Данците.

Најефикасен во победата на Словенците беше Хоржен, кој постигна шест гола. Од друга страна, Јоргенсен беше најдобар кај Данска, кој постигна и шест гола.

Натпреварот в петок за третото место Словенците ќе го одиграат против третопласираната селекција од првата група која би можела да биде Германија, Унгарија или Австрија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО