Пред две недели потпиша за косовски Динамо, па се премисли: Денес го засили Детонит Плачковица

Пред две седмици, поточно на 8. јануари Зоран Ивановски беше промовиран во нов фудбалер на косовски Динамо Феризај.

Но денес изненадувачки македонскиот второлигаш Детонит Плачковица се пофали дека како ново засилување е токму Ивановски.

-Од денес нов член на ФК Детонит Плачковица е Зоран Ивановски. 23годишниот крилен играч доаѓа од редовите на Беласица. Играчот е производ на тимот на Академија Пандев, за кој има одиграно 80 првенствени прволигашки натпревари, како и сите натпревари на меѓународна сцена. Стандарден член е на У18, У19 и У21 селекциите на Македонија.Добредојде, порачаа од таборот на радовишани.

Не е познато зошто толку кратко траеше авантурата на Ивановски во Косово и се премисли.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО