Се веруваше дека црквата е вмешана во трансферот на Миротиќ во Партизан – еве што се случувало

Партизан и Никола Миротиќ имаа прелиминарен договор пред неколку месеци за трансфер, но целата таа ситуација се изјалови, а никој не даде конкретно објаснување зошто.

Многу од медиумите пишуваа дека зад сето тоа стои црква и дека наводно патријархот Порфирије, ја одиграл главната улога, потпомогнат од властите во Србија, се со цел Миротиќ да не го засили Партизан.

Но се чини дека не е така. Отецц Предраг, еден од луѓето од српската црква кој е најблизок со народот преку социјалните мрежи, во својот последен поткаст, како гостин го имаше Алекса Аврамовиќ, со кого разговараше за ситуацијата со Миротиќ.

– Миротиќ е мој добар пријател, многу го сакам, бев гостин кај него во Барселона, но тоа наше пријателство беше злоупотребено на најлош начин. Некој пласираше лажна информација дека јас, заедно со патријархот Порфирије, сме влијаеле Миротиќ да не го облече дресот на Партизан. Еве Алекса, ти си играч, ти знаеш како работите функционираат, такво нешто ниту еден духовник не бил направил, ниту би му дозволил, тврди отецот Предраг.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО