Интер шампионски – го распарчи Фросиноне со „петарда“

Фудбалерите на Интер до крајот на сезоната играат само за себе, но и за другите екипи, кои чекаат кикс на ривалите во борба за подобра позиција дур заврши сезоната.

Вечерва Интер славеше уверливо на гостувањето кај Фросиноне со 5:0 во 36. коло од Серија А.

Се тргна од голот на Фратези во 19. минута, за водство на полувреме за гостите. Во вториот дел Интер беше нешто поконкретен и поефикасен, па им даде уште четири парчиња на домаќините.

Гол серијата продолжи со голот на Марко Арнаутовиќ за 0:2, па потоа стрелаа уште и Бучанан, Мартинез и Турам за конечни 5:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО