Саутгејт: Покажавме карактер, по трет пат се вративме од негатива

Англија ја победи Холандија (2:1) и се пласира во финалето на ЕП во Германија, а тоа го стори благодарение на голот на Оли Воткинс во 90. минута.

Иако губеше на трите натпревари во елиминациската фаза, Англичаните најдоа сила и направија целосен пресврт, и ќе играат против Шпанија за титулата европски првак.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, на прес-конференцијата вака го коментираше натпреварот.

– Покажавме карактер, по третпат се вративме од негатива и победивме. Мислам и дека не заслуживме да примиме гол во првиот дел.

Игравме многу добро, не паметам кога англиска репрезентација имала 60 отсто посед на топка во меч против Холандија. Сакам да го потенцирам и начинот на кој Воткинс влезе во натпреварот.

Тоа што денеска го покажа, го покажува на секој тренинг. Сака играше феноменално без топка, Маино исто така беше феноменален. Дојдов во репрезентацијата за да ја вратиме Англија на врвот и еве веќе 7-8 години сме во самиот врв и многу блиску сме до трофејот. Сега не’ очекува натпревар со најдобрата репрезентација на турнирот, изјави Саутгејт.

Финалниот натпревар Англија – Шпанија ќе се игра в недела, на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток од 21 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО