Уругвај и по 13 години нема да игра во финале на Копа Америка

Репрезентацијата на Уругвај загуби од Колумбија (0:1) во полуфиналето на Копа Америка, во Шарлот, САД, и го продолжи 13- годишниот „пост“ за неиграње во финалето, во кое годинава ќе играат Аргентина и Колумбија, во Мајами.

Последен пат Уругвај играше во финалето на турнирот во Аргентина во 2011 година и во решавачкиот натпревар го победи Парагвај со 3:0 и ја освои 15-та титула на Копа. Најтрофејни селекции на Копа се Аргентина и Уругвај, со по 15 трофеи.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО