Барселона одбила 250 милиони евра за Јамал?

Младата шпанска ѕвезда Ламине Јамал е во центарот на вниманието за време на ЕП во Германија. Интересирањето за 16-годишниот фудбалер драстично е зголемено поради одличните игри, но се испостави дека уште пред почетокот на ЕП во неговиот клуб Барселона пристигнала голема парична понуда, наводно од 250 милиони евра!

Таа дошла од ПСЖ, но била одбиена од раководството на Каталонците, пренесува „Мундо Депортиво“. Барселона не ја ни разгледала, иако таков трансфер би бил најскап во историјата на фудбалот.

Во моментов рекорден е трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра. Минатата сезона Јамал одигра 50 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигна седум гола и имаше 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО