Премиерна победа на македонските ракометари на Европското кадетско првенство

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство кое се одржува во Србија, откако попладнево ја совлада Италија со убедливи 33-23 во воведниот натпревар во групата 1 во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.

Избраниците на селекторот Горан Кузмановски од самиот почеток на дуелот во Белград стекнаа водство од три голови разлика и на полувремето заминаа со предност од 17-13.

Македонските ракометари во продолжението континуирани ја зголемуваа предноста, а при водство од 24-18 со серија од 5-0 дојдоа до двоцифрена предност и сигурна победа.

Бобан Поповски со максимална реализација беше најефикасен со девет голови

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО