Тотенхем во офанзива за потписот на Коди Гакпо

Тотенхем сериозно се засилува за новата сезона, која во Англија ќе започне за нешто повеќе од две недели.

Тотенхем, кој веќе потроши 267 милиони евра за доаѓањето на Сандро Тонали, Матеус Фернандеш и Жан-Пол ван Хеке, а во клубот без обесштетување пристигнаа Маркос Сенеси и Ендрју Робертсон.

Клубот се уште не го комплетирал ростерот, менаџерот Де Зерби бара и крилен напаѓач. Еден од кандидатите е Коди Гакпо.

Холандскиот репрезентативец и фудбалер на Ливерпул се чини дека има место во Ливерпул кај новиот менаџер Андони Ираола. Но во случај да посака да замине, Ливерпул за него ќе бара 72 милиони фунти (околу 80 милиони евра).

Доколку не успеат со Гакпо, од Тотенхем ќе се обидат со фудбалерот на Манчестер Сири, Савињо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО