Санчо за враќање во Дортмунд: Вака беше судено да биде

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го совладаа тимот на Дармштад на гостински терен во натпреварот од 17. коло во Бундес лигата (3:0), а посилни влегоа во 2024 година за Џејдон Санчо.

Тој влезе во игра во 55. минута и враќањето го означи со асистенција за вториот гол на гостите, кој го постигна големиот пријател на Санчо Марко Ројс во 77. минута.

-Чувствувам дека тоа требаше да биде така. Моето враќање и асистенција за Марк, мојот прекрасен пријател, кого навистина го ценам. Мило ми е што придонесов за играта веднаш. Како што велам цела недела, ми беше како дома кога се вратив. Мило ми е што се вратив на теренот, изјави Џејдон Санчо за германските медиуми.

Англичанецот се врати во Дортмунд како позајмен од Манчестер Јунајтед, но не сакаше да зборува за клубот од Олд Трафорд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО