Битолчанец во нападот на Вардар: Детето на Пелистер ги засили „црвено-црните“

Второ ново име во редовите на ФК Вардар е искусниот 32 годишен напаѓач Марјан Алтипармаковски кој доаѓа од екипата на Раднички Белград.

Во ПМФЛ досега има забележано 164 настапи во кои има постигнато 41 гол. Во својата досегашна богата кариера има настапувано во екипите на Работнички, Брегалница, Струга, Пелистер (Македонија), a како интернационалец има настапувано и во Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Инкер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија)

Во својата кариера има забележано и 13 настапи за младата репрезентација на Македонија.

Станува збор за битолчанец кој потекнува од Пелистер каде и ја започна својата кариера.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО