Перфектниот ПСВ го израмни рекордот од сезоната кога беа шампиони на Европа

Холанѓаните го продолжија својот фудбалски шампионат викендов по четиринеделна пауза, а ПСВ продолжи таму каде што застана и ја забележа 17-та победа во 17 кола, завршувајќи ја првата полусезона со перфектен учинок од 51 поен.

Во триумфот од 3:1 над Екселзиор, Лук де Јонг постигна хет-трик со головите во 13., 17. и 69. минута, а Фернандез во 82. минута го ублажи поразот на гостите.

ПСВ има 13 бода предност, со меч помалку, пред второпласираниот актуелен шампион Феенорд и е во незапирлива патека кон својата 25-та титула во холандската лига, прва од 2018 година.

Со овие 17 последователни победи на почетокот на сезоната, ПСВ го израмни клупскиот рекорд, но и рекордот на холандската лига, кој го постави во сезоната 1987/1988 година, која ја заврши со единствената европска шампионска титула.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО