Руски бизнисмен го обвини Алкарас за местење натпревари

Михаил Салцман, поранешен сопственик на синџирот обложувалници во Русија „Уткин, Нобел и Маљенков“, го сомничи Карлос Алкарас за учество во местење натпревари.

Како што пренесуваат „Спорт Експрес“ и бројни руски медиуми, тој дури испратил писмо до раководството на Мастерсот во Мадрид, како и на адресите на АТП, Шпанската тениска федерација и обвинителството во Шпанија, тврдејќи дека тој има доказ дека третиот рекет на светот учествувал во валкани акции.

Салцман го обвини Алкарас дека намерно загубил игри во два меча на турнирот во Мадрид, против Александар Шевченко и Јан-Ленард Штруф.

Во прашање беа гемовите кога Алкарас сервираше против Шевченко при 5:0 во вториот сет и при 5:3 против Штруф, исто така во вториот сет.

Бизнисменот тврди дека е во контакт со специјален оддел на азиско-пацифичкиот регион кој следи индиции за наместени натпревари.

Алкарас натпреварувањето во Мадрид го заврши во четвртфиналето со пораз од Русинот Андреј Рубљев, 4:6, 6:3, 6:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО