Дејан Кукуловски е најново засилување за ГРК Охрид

Ракометниот клуб ГРК Охрид го објави најновото засилување, а тоа е Дејан Кукуловски. 25-годишниот лев бек денес стави потпис на едногодишен договор со клубот и ќе претставува големо засилување за оваа екипа во текот на следната сезоната 2024/25.

– Среќен сум што повторно се враќам во Македонија. Охрид прерасна во голем и амбициозен клуб. Верувам во овој тим и ќе дадам се од себе да помогнам за што подобар пласман во наредната сезона и се надевам заедно ќе имаме одлични резултати“, изјави Кукуловски.

Кукуловски досега настапувал за неколку екипи во Македонија, како што се Вардар, Еурофарм Пелистер, но и за Брно од Чешка, а беше делс и од сите младински, но и сениорската репрезентација на Македонија. Амбициите на Охрид за следната сезона се јасни, а тоа го покажаа со претхиодните засилувања со српскиот пивотмен Живан Пешиќ од Војводина и со голманот Градимир Чаневски, а ги продолжија договорите и со Орјоканидѕе, Дрогришки, Крстески.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО