Вардар го победи Алкалоид и натаму е во трка по Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Вардар 1961 со победата која ја остварија против Алкалоид ги задржаа теоретските шанси во битката за титулата во Суперлигата. Вардар сега е на два бода негатива од лидерот Еурофарм Пелистер.

Во скопското дерби од 12. коло на плеј-офот, Вардар го совлада Алкалоид со 24:21 (12:11), што е втора победа на вардарци против Алкалоид сезонава. Се играше доста изедначено, а тоа го покажува и резултатот од првото полувреме по кое Вардар замина на одмор со гол предност (12:11).

И во второто полувреме се играше изедначено, најголемата предност која ја имаше Вардар беше два гола разлика. Во финишот поведоа со 24:21 и го решија мечот во своја полза.

Најефикасен во тимот на Вардар 1961 беше Јасихура со осум гола, а во таборот на Алкалоид се истакнаа браќата Митеви, кои постигнаа по пет погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО