Рубљов и стави крај на низата победи на Алкараз во Мадрид

Русинот, Андреј Рубљов го совлада Карлос Алкараз во четвртфиналето на турнирот во Мадрид, со 4:6, 6:3 и 6:2 и ја прекина неговата серија од 14 победи во шпанската престолнина. Алкараз го доживеа првиот пораз на земја во Шпанија, по 25 натпревари.

Алкараз (20), вториот носител, имаше за цел да стане првиот тенисер кој победил трипати по ред на Мадрид опен.

За место во финалето Рубљов, седми фаворит, ќе се соочи со Американецот, Тејлор Фриц, кој го совлада Аргентинецот, Франциско Черундоло со 6:1, 3:6 и 6:3. За Фриц тоа беше 250-та турнирска победа во кариерата.

Алкараз, двократниот грен слем шампион, ги пропушти турнирите во Монте Карло и во Барселона поради повреда на десната рака.  Во меѓувреме, од турнирот се повлече и вториот светски тенисер, Италијанецот, Јаник Синер поради повреда на десниот колк.

На женскиот дел од турнирот, бранителката на титулата, Арина Сабленка од Белорисија, се пласира во полуфиналето по победата над руската тинејџерка, 17-годишната, Мира Андреева во два сета, со 6:1, 6:4.

Втората носителка во првото полуфинале по триумфот на Австралија опен во јануари, ќе игра со Елена Рибакина која беше подобра од Јулија Путинцева од Казахстан, 4:6, 7:6 (7:4), 7-5.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО