Евролига: Познат е првиот учесник на фајнал-форот

Реал Мадрид е првиот тим што се пласираше на завршниот фајнал-фор турнир во кошаркарската Евролига. Мадриѓаните ја победија Басконија и во третиот натпревар, на гости, со 102:98 и ја добија серијата со 3:0.

Марио Хезоња со 16 и Факунда Кампацо и Габриел Дек со по 13 поени беа најдобри кај Реал, а Маркус Хауард кај домашната екипа со постигнатите 29 поени.

Во Истанбул, Фенербахче го совлада Монако со 89:78 и поведе со 2:1. Турците одиграа извонредно, а петмина играчи постигнаа меѓу 11 и 14 поени. Кај Монако, Алфа Диало беше најдобар стрелец на натпреварот со 23 поени. Четвртиот натпревар од оваа серија ќе се одигра в петок во Истанбул.

Во вторникот, Макаби Тел Авив и Барселона ги добија третите четвртфинални натпревари. Израелците беа подобри од Панатинаикос, 85:83, а Каталонците го совладаа Олимпијакос во Грција, по продолженијата, со 82:80 и водат со 2:1. Четвртите средби ќе се играат вечерва во Белград и во Пиреја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО