Швајцарците низ 10.000 симулации го одредија поредокот на ЕП?

Европското првенство (ЕП) во фудбал почнува в петок со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска. Како што се наближува отворањето на ЕП, многубројни експерти и разно-разни интернет страници прогнозираат како ќе минат репрезентациите.

„Свис фудбал дата“ (Swiss Football Data), интернет страница која се занимава со статистика во швајцарскиот и во меѓународниот фудбал, врз основа на рангирањето на ФИФА, други параметри и според освоените поени на минатите пет натпревари, ја даде својата прогноза.

За да ги добијат резултатите, тие направиле 10.000 симулации, и според нив најголеми шанси за триумф има Португалија (20 отсто), Франција (16,1), Шпанија (15,8), Белгија (12,4), Хрватска (7,4), Холандија (5,7), Англија (5,4), Германија (4,6), Италија (4,1 отсто) итн. На дното се Грузија и Словачка, со 0 отсто.

Швајцарските статистичари објаснуваат дека овој модел на проценка бил развиен и тестиран низ 3.500 натпревари од 2000-та година па наваму и наведуваат дека може да се одреди точниот исход на фудбалски натпревар (победа, реми или пораз) во 62 отсто од случаите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ







НАЈНОВО