Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, ќе собори уште еден рекорд во светскиот фудбал. Тој со настапот на Европското првенство во Германија, ќе стане рекордер со најмногу учества на континеталните собири.
– Горд сум што сум првиот играч кој играл на шест европски првенства. Тоа ја покажува долговечноста на мојата кариера – потенцираше 39-годишниот фудбалер. Неговата земја на ЕП ќе биде во група со Турција, Грузија и Чешка