Шпанија во 2.коло од групата Б ја победи Италија со 1:0 и се пласира во нокаут фазата. Во последното коло од групната фаза ќе играат против на Албанија, но без стандардниот играч за врска Родри.
Тој беше суспендиран поради непромислен потег и стана „жртва“ на правилото воведено пред Европското првенство (ЕП).
УЕФА усвои неколку нови правила пред ЕП, меѓу кои и она што ги штити судиите од притисокот на играчите и според кое само капитените на репрезентативците смеат да му пристапат и да комуницираат со него.
Доколку некој друг играч го направи ова и почне да се расправа со него, ќе биде санкциониран со жолт картон.
Во финишот од првото полувреме Родри го прекрши тоа правило, а словенечкиот судија Славко Винчиќ му покажа жолт картон. Капитен на шпанската репрезентација е Алваро Мората.
Родри го доби првиот жолт картон на ЕП во победата на Шпанија против Хрватска, 3:0 кога го собори Бруно Петковиќ во шеснаесетникот, за пенал на „коцкестите“ што не го искористија.
Според правилата на УЕФА, два жолти картона значат суспензија на еден натпревар. Тоа значи дека Родри, 27-годишната ѕвезда на Манчестер сити, ќе паузира во понеделник, на мечот Шпанија – Албанија.