Правилата се јасни, Мбапе не смее да игра со оваа маска на лицето

Килијан Мбапе избегна операција на носот откако му беше скршен на мечот Франција – Австрија (1:0) и ќе игра со маска во останатите натпревари од Европското првенство (ЕП).

Француската ѕвезда беше снимена на тренинг со заштитна маска на лицето, но најверојатно не ќе смее да ја носи на натпреварите.

Мбаше (25) се повреди во дуелот со Кевин Данс и мораше да ја напушти играта пред крајот на натпреварот. Иако првичните прогнози сугерираа дека тој е под знак прашалник за остатокот од турнирот, вестите од Франција сугерираат дека е можно, иако не е многу веројатно, тој да настапи и на денешниот натпревар против Холандија.

Дури и да истрча со маска, таа нема да биде како онаа што ја носи на тренинзите. Според член 42 од правилникот на УЕФА, медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде еднобојна, а маската на Мбапе е во боите на француската репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО