Робертсон: Ќе биде тешко, мора да бидеме мирни

Левиот бек и капитен на репрезентацијата на Шкотска, Ендрју Робертсон пред вечерашниот дуел со Германија во Минхен, на отворањето на ЕП 2024, вели дека очекува тежок меч.

– Не е тајна дека Германија ќе доминира со посед на топката бидејќи го има најдобриот играч за врска во светот, Тони Крос. Но, кога ние ќе ја имаме топката, ќе мора тоа да го искористиме. Мора да бидеме мирни. Тешко се победуваат вакви противници, но ќе се обидеме да ги спречиме на секој начин. Се надевам на добар резултат, изјави Робертсон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО