Ристовски: Секогаш може подобро

Напаѓачот на нашата фудбалска репрезентација, Милан Ристовски, вели дека треба да бидеме задоволни од прикажаното на вчерашниот пријатеслки меч со Молдавија иако бевме подобар противник и не искористивме неколку шанси.

– Одигравме добар меч, доминиравме во поголемиот дел но, за жал едно наше невнимание направи да останеме без победа“ – вели Ристовски кој ги насочи мислите и кон вториот дуел во Анаталија в понеделник против селекцијата на Црна Гора.

– Ќе играме против квалитетна селекција и за да бидеме конкурентни ќе треба да одиграме на повисоко ниво. Секогаш може да се даде повеќе на терен. Така требаше да биде и со Молдавија, да постигневме уште некој гол сигурно ќе стигнеме во посакуваната победа – изјави Ристовски

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО