РФМ се заблагодарува за поддршката на националниот тим

Македонската ракометна федерација на официјалната интернет страница им се зблагодари на навивачите на националниот тим кои синоќа дојдоа во салата „Борис Трајковски“, но и до сите оние кои пред малите екрани ги бодреа ракометарите.

– Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно и дадоа подршка на сениорската репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, во победата против селекцијата на Фарските Острови.

Дополнително благодарност и до сите кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани. Во рамките на програмските определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракомет во меѓународни рамки.

Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од ЕХФ/ИФХ во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

1. ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Women’s EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI) 28.11.2024-15.12.2024 2. МАШКА СЕНИОРСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF Men’s World Championship 2025 (CRO/DEN/NOR) 14.01.2025 – 02.02.2025 3. ЖЕНСКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА IHF WOMEN’S JUNIOR WORLD CHAMPIONSHIP 2024 (MKD) 19.06.2024-30.06.2024 4. МАШКА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 20 EHF EURO 2024 (SLO) 10.07.2024- 21.07.2024 5. МАШКА КАДЕТСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Men’s 18 EHF EURO 2024 (MNE) 07.08.2024- 18.08.2024

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на Стручните штабови на сите македонски ракометни селекции ! Вие сте наша гордост !!! Со почит , Ракометна Федерација на Македонија“, се вели во соопштението на РФМ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО