Лунин ќе потпише нов договор со Реал Мадрид

Голманот на Реал Мадрид, младиот, 25-годишен Украинец, Андриј Лунин ја прифатил понудата на клубот и ќе потпише нов договор, до 2029 година, пишуваат шпанските медиуми.

Неговиот актуелен договор истекува за една година. Лунин сезонава ја искористи повредата на првиот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и се наметна на голот на Реал на сметка на Кепа Аризабалага кој беше втор голман.

Украинецот бранеше на 30 натпревари сезонава за „кралевите“ на кои прими 28 гола. Тој е дел од Реал Мадрид од 2018 година, откако беше позајмен во Леганес, Овиедо и Валјадолид.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО