Каи Хаверц од Арсенал: „Станувам најголем навивач на Тотенхем“!

Фудбалерот на Арсенал, Германецот, Каи Хаверц ја коментираше победата над Манчестер јунајтед (1:0) во 37. коло од Премиер лигата.

– Се подготвивме многу добро за натпреварот. Не одигравме најдобро, но ни требаа три бода и ги освоивме, среќни СМЕР. МораВме да победуваме на секој натпревар бидејќи Сити секогаш притиска.

Одлично е да се биде во борба за титулата, мора да играш најдобро секоја недела. Кога го правите ова, се чувствувате уште подобро. Ќе бидам најголемиот навивач на Тотенхем кога ќе играат со Манчестер сити во вторник. Да се надеваме на најдоброто, изјави Хаверц за „Скај спортс“.

Арсенал има 86 поени од 37 натпревари во англиското првенство. Лондонскиот клуб се врати на првото место во поредокот и продолжува да се бори за шампионската титула со Сити кој е втор со бод помалку, но и натпревар помалку, оној со Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО