Решение на повидок: Го најде ли Мерцедес вистинскиот заменик на Хамилтон?

Италијанските медиуми тврдат дека постои договор меѓу Карлос Саинц од Ферари и Мерцедес.

Се верува дека е постигнат конечен договор помеѓу тимот на Карлос Саинц и Мерцедес, во преговорите за местото на Луис Хамилтон идната сезона.

Ова можеби и не е преголемо изненадување, бидејки Тото Волф отсекогаш беше миленик на возењето на шпанскиот возач, кој поради доаѓањето на Хамилтон во Ферари, тој е принуден да си бара нов тим.

Волф постојано зборуваше дека возачот на Ферари е една од реалните опции како заменик на Луис Хамилтон, а сега тоа може да се оствари.

Освен Газета дело спорт, Марка оди и чекор понапред па дури тврди дека потписот на Саинц со Мерцедес ќе се случи во следните неколку недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО