Бројките на Партизан се импресивни: “Црно-белите“ сезонава најгледани во Евролигата

Партизан вечерва игра против Валенсија во белградска арена, а иако овој натпревар нема големо влијание за домаќините, сепак навивачите ја пополнија салата и тоа е за почит.

Она што е посебно интересно е дека избраниците на Жељко Обрадовиќ сезонава се најгледан тим во Евролигата кога е во прашање севкупниот број на навивачи кои дошле да го гледаат Партизан.

Екипата на Партизан сезонава вкупно во белградска арена имале 338.754 гледачи, односно 19.916 во просек по натпревар, што е стварно импресивна бројка.

Црно-белите се пофалија со овие бројки и на вечерашниот натпревар против Валенсија.

Како за потсетување, со синоќешниот пораз на Црвена Звезда кај Ефес, Партизан и теоретски ги загуби шансите за пласман во плеј-ин фазата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО