Вардар со многу мака го совлада Пролет

Ракометарите на Вардар славеа со 20:21 на гостувањето против Пролет во деветтото коло од плејофот во домашниот шампионат.

Иако по триумфот над Пелистер во дербито со кое остана во трката за титулата, Вардар денеска многу потешко од очекувањата и со пресврт во второто полувреме дојде до бодовите кои привремено го искачија на лидерската позиција на табелата.

Вардар сега е лидер на табелата со 24 бода, еден повеќе од Пелистер кој својот меч од деветтото коло против Бутел ќе го игра утре и тоа пред своите гледачи.

Вардарци по првиот дел имаа негатива од 8:6, а на стартот од второто полувреме губеа и со 12:9, но на крајот сепак успеаја да се вратат во игра и на крајот да слават.

Прво во 44-тата минута со серија 1:4 успеаја да израмнат на 13:13 по што се играше гол за гол, се последните две минути кога Вардар прво преку Јасухира поведе со 19:20, а Срдановиќ потоа погоди за 19:21 и ги реши дилемите околу победникот.

Јасухира со шест гола беше најпрецизен кај Вардар, Срдановиќ даде пет, а во редовите на Пролет најдобар беше Стојановски со пет постигнати голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО