Реал Мадрид им продаде играчи на Милан и на Наполи

Европскиот и шпански фудбалски шампион, Реал Мадрид во екот на Европското првенство (ЕП) продаде двајца свои фудбалери во Италија.

Како што соопшти инсајдерот, Фабрицио Романо, Милан го купил десниот бек, Алехандро Хименез за пет милиони евра. Минатата сезона 19-годишниот Шпанец играше за јуниорскиот тим на „росонерите“, на заем и очигледно ги задоволил вкусовите на „миланезите“.

Реал Мадрид исто така е блиску до продажба на централниот дефанзивец, Рафа Марин во Наполи, за 10 милиони евра. Во двата случаи, мадридскиот клуб ќе има опција за откуп на договорите. Минатата сезона Марин играше на заем во Алавес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО