Одличен старт на јуниорките на Македонија на СП

Женската јуниорска репрезентација на Македонија (до 20 години) со победа го почна настапот на Светското првенство (СП) што се одржува во Скопје. Македонија синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ убедлива ја совлада селекецијата на САД со 32:15, во групата Х.

Следен противник на Македонија е Исланд (утре од 18 часот), а во последниот натпревар од групната фаза, е мечот со Ангола (недела, 20.15).

На СП што ќе трае до 30 јуни, настапуваат 32 репрезентации, а мечевите, вкупно 116, ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ и во СЦ „Борис Трајковски“.

Двете првопласирани селекции во групите ќе ги продолжат натпреварите во главната рунда, а трето и четвртопласираните ќе разигруваат во Президент купот.

Потоа од главната рунда, по две селекции од групите, ќе играат во четвртфиналето и ќе се борат за медали, додека другите ќе разигруваат за пласман.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО