ФФМ со допис до УЕФА за скандалозното однесување на Мирлинд Даку. Бара и јавно извинување

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реагираше со соопштение на официјалната интернет страница, во врска со скандалозното однесување на Мирлинд Даку, репрезентативецот на Албанија, по вчерашниот натпревар против Хрватска на Европското првенство (ЕП).

Во сооопштението на ФФМ што ви го пренесуваме во целост се наведува:

„Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистичките скандирања на Мирлинд Даку против македонската држава по завршување на натпреварот Хрватска – Албанија.

Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот, е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит.

Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата.

Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.

Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика.

Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти. Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место„.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО