Реал го потврди трансферот на Мбапе, Роналдо излезе со порака

Реал Мадрид пред неколку часа го потврди доаѓањето на Килиан Мбапе од новата сезона.

Несомнено дека Реал заврши фантастична работа, обезбедувајки го потписот на овој француски фудбалер и тоа без ниту едно евро обештетување, а ќе биде големо засилување сигурно за следната сезона.

По потврдата од кралскиот клуб за трансферот на Мбапе, се јави Кристијано Роналдо со порака за францускито фудбалер.

– Сега на мене е редот да те гледам на ТВ, со нетрпение чекам да видам како ќе го запалиш „Бернабе“, Хала Мадрид, порача Португалецот.

Мбапе пред повеќе од една деценија, беше поканет како младо 14 годишно момче да се запознае со ѕвездите во клубот, Кристијано Роналдо и неговиот идол Зинедин Зидан, а сега ќе игра за нив.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО