Новинарите останаа изненадени од потегот на Сферопулос на пресот

Црвена Звезда успеа да поведе во финалната серија од Суперлигата во Србија против Партизан (89:88), меч кој се одигра синоќа.

Веќе на петти јуни ќе се случи вториот меч, овој пат домаќин ќе биде Партизан во „Белградска арена“, каде ќе се обидат да дојдат до победа со која ќе останат во егал и евентуално би се играла мајсторка (на две добиени за трофеј).

Но на пресконференцијата по мечот, Сферопулос направи неочекуван потег кон новинарите и ја напушти салата за прес демонстративно, бидејки смета дека некои од медиумите подлегнале на притисокот и редовно пишувале како тоа Партизан се жали и се сомнева во сомнителна арбитража на судиите.

– Им честитам на играчи на победата. Секогаш сум ги почитувал ривалите, навивачите и судиите. Но Партизан веќе три месеци зборува за судиите, за арбитражата и се жали на нив. Зад нас е натпревар на кој судиите немаа ист критериум кон нас. Ние заслужуваме поголем респект од арбитрите. И ние можеме да ги нападнеме, но нема да го направам тоа. Нема прашања, Благодарам, порача Сферопулос и ја напушти прес салата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО