Не успеавме да и парираме на Хрватска – Милевски незадоволен од дисциплината во тимот

Репрезентацијата на Македонија вечерва беше поразена на гостувањето во Ријека против домаќинот Хрватска (3:0).

Иако и на хартија Хрватска беше јасен фаворит, сепак, тоа го докажаа во 90 минути и на терен против нашата селекција.

– Хрватите покажаа дека се далеку поквалитетна репрезентација во моментов и сакам да им псакам голем успех на ЕП. Им честитам на победата. Имавме свои шанси против Хрватска, но кога нема да ги искористите против ваква селекција, тогаш ќе бидете казнети.

– Лично не сум задоволен од дисциплината во тимот на моменти, но сето тоа е резултат на проблемите кои ги носат играчите од своите клубови кога доаѓаат на репрезентативниот собир. Токму ваквите мечеви се слика да видиме до каде сме и на што треба повеќе да се работи, порача Благоја Милевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО